X
 03.12.2018 Живот

Тајниот збор за известување за смртта на Џорџ Х. В. Буш

Кога семејството и пријателите на поранешниот претседател Џорџ Х. В. Буш ја споделија веста за неговата смрт во петокот, тие го искористиле тајниот збор CAVU, акроним познат на пилотите што значи „Ceiling and visibility unlimited“, реченица што често се користи од пилотите кога небото е совршено за летање.

Џејми Гангел од Си-ен-ен го потврди користењето на овој акроним на „Си-ен-ен вечерва со Дон Лемон“, додавајќи дека Буш ја имал оваа реченица на плакета во неговата канцеларија.

- Тој секогаш сметаше дека оваа реченица го претставува неговиот живот. Небото беше границата и тој имаше сѐ - изјави Џејми.

Во 2006 година во интервјуто со Лери Кинг, Буш, кој бил дел од борбените мисии во Втората светска војна, прочитал дел од писмото што го напишал до своите пет деца на почетокот на Заливската војна, во кое зборува за фразата.

- CAVU беа вид временски услови што ние пилотите од морнарицата сакавме да ги имаме кога требаше да летаме. Имавме малку навигациски системи, така што сакавме да има CAVU и поради вас петтемина, чии прегратки сѐ уште можам да ги почувствувам, чии животи ме направија толку горд, можам со сигурност да му кажам на мојот ангел чувар дека мојот живот е CAVU и ќе биде таков додека не умрам. Сѐ заради вас.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот