X
 03.12.2021 Стипендии

Стипендии од Кина за меѓународни постдипломски студии за јавно здравје

Школата за јавно здравје при државниот Универзитет „Чинхуа“ од НР Кина доделува максимум 3 стипендии за македонски студенти за меѓународни постдипломски студии за јавно здравје (International Master of Public Health Program - IMPH), соопштија од Министерството за образование и наука.

Универзитетот „Чинхуа“ е и најпрестижниот во НР Кина, рангиран како прв универзитет во земјата и 43. во светот во 2019 година, според Шангајската листа на универзитети.

Цели на мастер-програмата се: развивање на способноста на студентите за примена на теориите и аналитичките алатки на јавната здравствена дисциплина во нивната работа; унапредување на разбирањето на студентите за јавните здравствени проблеми во НР Кина и земјите во развој; развивање на способноста на студентите да преземат поголеми лидерски улоги во решавањето на јавните здравствени проблеми; промовирање соработка на Кина со други земји преку градење мрежа на соработка помеѓу универзитетите за глобални прашања од јавното здравство.

Стипендијата ги покрива патните трошоци, сместувањето и школарината за академската 2022-2023 година.

Краен рок за онлајн пријавување на оваа мастер-програма е крајот на март 2022 година.

Програмата е на англиски јазик.

Повеќе информации може да се најдат на веб-страницата:

htpp://gradadmission.tsinghua.edu.cn/f/login

Кандидатите што ќе се пријават онлајн за стипендии треба да достават копија од пријавниот лист во архивата на Министерството за образование и наука.
Активен до:    31.03.2022
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Стипендии