X
 04.01.2019 Живот

Која е најпиратирана серија во 2018?

„Живи мртовци“ е најпиратирана ТВ-серија за 2018 година според веб-страницата „Торент Фрик“. Ова не изненадува со оглед на тоа што „Живи мртовци“ беше прогласена и за најгледана серија на кабелска за 2018 година и покрај прилично неуспешниот рејтинг.

Сепак, многумина се согласуваат дека „Живи мртовци“ се најде на првото место само затоа што „Игра на троновите“, серија што шест години по ред го држеше првото место на најпиратирана серија, немаше нови епизоди во 2018 година. Но, иако „Живи мртовци“ беше најпопуларно шоу кое прикажуваше нови епизоди, „Игра на троновите“ и понатаму го фрла во сенка.

- Иако „Игра на троновите“ оваа година е исклучена, тоа не значи дека серијата не е пиратирана. Торентите од серијата остануваат најбарани на веб-страниците за торенти. Всушност, ако се земат предвид сите преземања од претходните епизоди и сезони, голема е веројатноста „Игра на троновите“ да биде на врвот. Затоа не се сомневаме дека ќе се врати на врвот на табелата со финалето наредната година кога ќе биде премиерата на последната сезона - велат од веб-страницата „Торент Фрик“.

Последниот пат кога „Игра на троновите“ не беше прогласена за најпиратирана серија беше за време на првата сезона, во 2011 година, кога серијата „Декстер“ се најде на врвот. Би било интересно да се види која серија ќе ја предизвика „Живи мртовци“ во 2020 година.

Овогодишната листа изгледа вака:

1) The Walking Dead

2) The Flash

3) The Big Bang Theory

4) Vikings

5) Titans

6) Arrow

7) Supernatural

8) Westworld

9) Legends of Tomorrow

10) Suits
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот