X
 04.01.2019 Технологија

Норвешка е светски лидер по бројот на продадени електрични возила

Норвешка стаса до пресвртница во својата мисија да ја запре продажбата на возила на гориво до 2025 година. Во текот на 2018 година 31,2 отсто од новите возила продадени во оваа земја биле електрични. Тоа е највисокиот процент во целиот свет.

На второто место е Исланд со далечни 12 отсто и тажни 2,2 отсто во Кина и 1,2 отсто во САД.

Една година претходно, само 21 отсто од новите автомобили продадени во Норвешка биле електрични, додека во 2013 година тој процент бил 5,5 отсто. Според Ројтерс, во Норвешка минатата година биле продадени околу 148.000 возила. Во САД само во ноември биле продадени околу 1,4 милион нови возила, од кои 413.500 биле патнички.

Тоа значи дека планот на Норвежаните за намалување на стакленичките гасови од возилата е значаен подвиг, но ако се земат предвид сите нешта, бројот на возила на гориво што биле отстранети од патиштата не е особено голем.

Норвешка напорно работи на поттикнување на луѓето да возат електрични возила, нудејќи бесплатни места за полнење, а бројките покажуваат дека приодот дава резултати.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија