X
 04.01.2021 Живот

Ова е листата со забранети фрази за 2021 година - сите се поврзани со Ковид-19

Сигурно сте виделе и слушнале фразите во реклами уште од почетокот на пандемијата.

„Живееме во невидени времиња“. „Во предизвикувачки, тешки времиња“. „Во ова сме заедно“.

Во својот годишен преглед, државниот универзитет „Лејк Супериор“ во Мичиген го објави изданието за 2021 година „Топ-10 збора и фрази што се претерано користени до тој степен што стануваат неискрени, бескорисни или клише“. Зборовите од 2020 година се поврзани со Ковид-19.

- Никој не е изненаден што на овогодишната листа доминираа зборови и поими поврзани со Ковид-19 - вели Питер Цатмари, извршен директор за маркетинг и комуникации на универзитетот.

Повеќе од 1.450 фрази беа номинирани од целиот свет и земени предвид, а седум од 10 фрази што универзитетот ги избра како „забранети“ за 2021 година се поврзани со коронавирусот, меѓу кои се: „Ковид-19“, „социјално дистанцирање“, „сите сме во ова заедно“, „во овие несигурни времиња“.

Универзитетот ја составува оваа листа секоја година уште од 1976 година за да поддржи и заштити исклучителност во јазикот преку охрабрување да се избегнуваат зборови и термини кои се излишни, оксиморонски, клишеа, нелогични, бесмислени или на друг начин неефикасни, збунувачки или иритирачки.

Фразите што не се поврзани со вирусот и кои некако успеаја да се најдат на листата оваа година се „Карен“ и „Знам, нели?“

Извор: Edition.cnn.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот