X
 04.01.2022 Здравје

Престојот на отворено ја зголемува креативноста и е добар за здравјето

Современиот начин на живот, пандемијата, обврските, но и лошите навики нè држат приковани за столот, во затворен простор. Без разлика каков ви е денот, треба да најдете време да излезете на отворено бидејќи така може да спречите многу здравствени тешкотии и ќе се чувствувате подобро.

Обичната прошетка може да ве поттикне и на поинтензивно вежбање, а ви помага и да бидете изложени на витамин Де, особено во летото. Овој витамин е важен за коските, крвта и имунолошкиот систем и му овозможува на телото подобро да ги апсорбира минералите како калциум и фосфор.


Фото: Pixabay

Научниците велат дека во текот на летото доволно е да се излегува на отворено 5-15 минути два или трипати неделно. Во зимскиот период потребен е подолг престој за да добиете доволно витамин Де. Сончевата светлина е важна и за одржување на нивото на серотонин, кој ја зголемува енергијата, го подобрува расположението и ги зголемува позитивното расположение и фокусираноста.

Престојот на отворено влијае и врз циклусот на спиење. На клетките во очите, исто така, им е потребна сончева светлина, а таа потреба се зголемува со годините. Затоа постарите луѓе помалку спијат или имаат тешкотии со спиењето, а со овој проблем денес се соочуваат и многу млади поради влијанието на зрачењето од технолошките уреди.


Фото: Pixabay

Истражувањата покажуваат дека само 5 минути активност на отворено може да помогне во зајакнување на самодовербата, а тоа особено се однесува на лица што живеат во близина на вода или зелени површини. Престојот на отворено помага за зголемување на самодовербата само затоа што прави да се чувствувате добро, пишува „Еклиника“.

Истражувања покажуваат и дека времето поминато во природа го зголемува креативниот потенцијал, но и способноста за решавање проблеми. Научниците велат дека тоа е последица на „преместување“ на мозокот во поинаков режим, односно начин на размислување, кој го „ресетира“ и му нуди нови перспективи.

Конечно, времето поминато на отворено, кое помага да бидете поактивни и подобро да спиете, е важно за согорување калории и за да го изгубите вишокот телесна тежина.

Извор: Eklinika
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје