X
 04.01.2023 Живот

На продажба се италијански замок, палата и цело село за 2 милиона долари

Дали некогаш сте сонувале да поседувате замок во прекрасен италијански регион?

За помалку од цена на куќа во центарот на Лондон или стан во центарот на Рим, овој сон може да ви се оствари.

Средновековниот замок и селото Серавале, на половина пат помеѓу градовите Модена и Болоња во северниот дел на италијанскиот регион Емилија Ромања, се продава за 1,9 милион евра.

3

Замокот бара минимална поправка, а цената не е фиксна и може да се преговара. Се наоѓа на зелен рид, а за цената добивате и дел од селото.

Имотот се состои од величествен замок, прекрасна палата на три нивоа од 18 век, наречена Палацо Бокадиферо, каде што привремено живеат сегашните сопственици, куќарка, четирикатен видиковец, панорамска патека и раскошен парк.

4

Во моментов, добро одржуваниот имот се издава за приватни настани и конференции, но сегашните сопственици, кои сакаат да останат анонимни, не можат повеќе да се грижат за големиот имот.

5

Повеќе информации за имотот можете да најдете ТУКА.

Извор: CNN
Фото: Paolo Giacopini Immobiliare/Conforti Immobiliare
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот