X
 04.02.2016 Здравје

Дали вадењето на умниците е добра идеја?

Со децении, процедурата на вадење на умниците се врши само кога овие заби предизвикуваат вистински проблем како во случај на апендектомија.

После Втората светска војна, луѓето се` почесто добиваа совет дека треба да ги отстранат умниците како мерка на претпазливост. Како што стоматолошката заштита доби се` понапреден и финансиски стимул за изведување на процедурата, вадењето на умниците стана секојдневна рутина како ставање протези.
Денес, голем број луѓе ги вадат умниците поради неколку причини: вродени или зарастени умници можат да доведат до инфекции, расипување на забите и генерално непријатна болка.

Но, голем број на пациентите одлучуваат да се подложат на овој процес како мерка на претпазливост, и често пати даваат многу пари за процедурата.

30 години Д-р Џеј Фридман е човек кој постојано се обидува да им докаже на луѓето дека вадењето на умниците е лоша идеја, за што вели дека е еден од најпознатите примери за непотребна медицинска процедура. Во 2007 година, Фридман објавил истражување во кое проценува дека најмалку две третини од милион умници извадени секоја година, би требало да останат во устата на човекот, меѓутоа тие сепак биле извадени поради неоснованите стравувања за тоа што би можело да се случи.

Според проценките на Фридман, доколку ги извадите умниците ризикувате повеќе компликации отколку кога би ги оставиле во вашата уста. На листата подолу се наведени сите потенцијални компликации кои би можеле да се случат после операцијата на умници.

Болка
Отекување
Тризмус (отежнато отворање на устата)
Крварење
Алвеоларен остеитис
Оштетување на потпорното ткиво на забите - пародонтот
Инфекција на непцата
Повреда на зглобот на вилицата
Неудобност
Привремена парестезија
Кршење на соседните заби
Кршење на долната вилица
Кршење на максилата
Изложување на инфекции на синусите
Анестетични компликации

Фридман не е единствен кој размислува на овој начин. Во 2002 година извештај објавен во списанието „Journal of the Canadian Dental Association“, процени дека стапката на компликации после операција на умници беше помеѓу 7 и 10%. Истражување од 2011 година направено врз повеќе од 6.000 пациенти во Грција открива дека само 2.7% на недопрени умници резултирале со проблем. А постаро истражување често пати цитирано од критичарите, покажува дека само 12% од испитаните пациенти на средна возраст искусиле компликации од умниците кои не ги извадиле.

И секако, возможна е и смрт, иако тоа се случува ретко. Сиднеј Галегер, тинејџерка од Минесота одлучила да ги извади умниците. Се чинело дека се` е во ред, се` до самиот крај, кога пулсот на сиднеј паднал и таа добила срцев удар. Медиумите кои го покривале настанот посочиле дека причина за нејзината смрт била самата процедура на вадење на умниците.

Другата страна на дебатата тврди дека всушност, и не постои дебата. Во центарот е американската асоцијација на орални и максилофацијални хирурзи (AAOMS), доктори кои специјализирале за отстранување на умници.

„Додека не на сите умници им е потребна операција, со оглед на високите документирани зачестености на проблеми поврзани со умниците постојано, пациентите треба да се оценат од страна на стручно лице“, велат од асоцијацијата.

Како доказ на високата стапка на проблеми, тие укажуваат на извештај составен од седум документи кои испитувале што им се случило на млади луѓе кои не ги извадиле умниците. Извештајот заклучува дека ризикот при отстранување на умниците се зголемува како што пациентите стареат.

Но, едно од истражувањата на AAOMS извештајот не заклучило такво нешто. Наместо тоа, истражувањето открива дека 83.13% од пациентите го преживеале периодот од една година без никакви симптоми, а само 5% морале да ги отстранат забите.

Друго истражување објавено во 2006 година од Кардиф Универзитетот во Велс откри малку повисока зачестеност на отстранување на забите, но исто така заклучи дека постоела мала поддршка за отстранување на умниците, осврнувајќи се на веќе намалената пракса на отстранување на умниците во регионот.

Д-р Џулија Боунер, биолог за клетки на Универзитетот во Саскачеван, ја следи дебатата веќе 5 години, уште кога таа отворила лабораторија за истражување во која таа истражува како еволуирале човечките вилици. Во 2013 година, таа објави статија за дебатата пишувајќи:

„Нема доволно докази кои директно ги поврзуваат умниците со орални болести. Понатаму, не е јасно дали ризикот поврзан со возраста едноставно се должи на зголемувањето на бактериска акумулација и воспаление на ткивото со текот на времето“, вели таа.

„Постои отсуство на сеопфатно, непристрасно истражување за оваа дебата. Трикот е дека лекарите се`уште ги немаат потребните алатки и информации кои би им овозможиле да се чувствуваат удобно спроведувајќи ја оваа процедура“.

Во статија објавена во „The New York Times“ во 2011 година поврзана со оваа дебата, авторот Рони Керин Рабин рече дека цената на вадењето на забите е да бидете уште повнимателни со вашите заби и нивната хигиена - почесто чистење и снимка на забите. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје