X
 04.02.2020 Живот

Сѐ повеќе Швајцарци ја напуштаат земјата. Но, каде одат?

Додека Швајцарија се смета за земја каде што странците одат за подобар живот, илјадници Швајцарци ја напуштаат својата татковина секоја година. Но, каде се преселуваат?

Бројот на швајцарски граѓани што ја напуштиле својата земја се зголеми во последните години. Владината статистика покажува дека околу 28.000 ја напуштиле земјата во 2008 година и 22.000 од нив се вратиле. Во 2017 и 2018 година 32.000 Швајцарци емигрирале, при што 24.000 се вратиле. Според весникот „Сонтагсблик“, омилени дестинации на швајцарските иселеници се Франција и Германија, но често се одлучуваат и да се преселат подалеку - во САД, Австралија и во Тајланд.

Околу 36 отсто од емигрантите се на возраст помеѓу 20 и 35 години. Тие одат во странство или да студираат или да работат, вели Мајкл Сигенгалер, експерт за пазарот на трудот во Центарот за економски истражувања. Втората група ја сочинуваат поранешни имигранти, претежно Италијанци и Португалци, кои се враќаат во своите татковини како граѓани со двојно државјанство. Но, третата група ја сочинуваат швајцарски пензионери кои одат да живеат во места со потопла клима.

Што ги мотивира Швајцарците да се преселат во друга земја?

Според сведочења собрани од весникот „Сонтагсблик“, луѓето имаат различни причини: кариерни можности, хуманитарна работа и живот во потопли места како пензионери. Претходно истражување откри дека повеќе од едно на десет лица со швајцарска националност сега живеат во странство, со 62 отсто од нив со седиште во Европа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот