X
 04.02.2021 Технологија

Робот-куче ги извршува обврските низ домот: Може да ги собере ѓубрето и валканата облека

Танцуваат. Истражуваат рудници. Им помагаат на медицинските работници. Робот-кучињата на „Бостон динамикс“ постојано учат нови трикови, а сега имаат цела низа нови потези благодарение на роботската рака и новиот програмски интерфејс.

„Бостон динамикс“ објави видео кое покажува што може да прави со својата роботска рака роботот-куче наречено „Спот“. Раката се монтира на предниот дел на роботот и е способна за фини моторни вештини, како што се копање дупка за растение и цртање со креда.

- Сега, кога „Спот“ има и рака, може да прави и мобилни манипулации. Наоѓа и собира предмети (ѓубре), ја средува дневната соба, отвора врати, работи во градината и генерално се забавува - велат од „Бостон динамикс“.

Секое ново видео со „Спот“ додава на импресивното резиме на способностите на роботот. Можеби најинтересно е видеото во кое три вакви роботи-кучиња скокаат јаже, синхронизирани еден со друг.



Извор: Cnet.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија