X
 04.02.2022 Живот

Петгодишно момче падна во бунар длабок 32 метра во Мароко. Доставен му е кислород, се копа дупка до него

Петгодишното момче Рајан од Мароко во вторникот падна во бунар длабок 32 метра и сè уште се наоѓа во него додека спасувачите се обидуваат да го извлечат на сите начини.

Моментално во тек е акција за копање дупка паралелно со бунарот, а спасувачите успеале да му достават кислород, вода и храна на детето. Исто така, до него била спуштена и камера за да може во секој момент да се следи неговата состојба.

Копањето на дупката напредувало до длабочина паралелна со онаа на која се наоѓа детето и во тек е последната фаза на копање. И мароканската новинска агенција МАП извести дека е при крај копањето на дупката низ која планираат да го извлечат детето, со надеж дека во следните неколку часа ќе стигнат до длабочината од 32 метри. Тамошните медиуми пренесуваат дека се очекува наскоро детето да биде ослободено.

Извор: Buka
Насловна фотографија: Twitter

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот