X
 04.02.2023 Живот

Невролог од „Харвард“ ја открива најпотценетата вештина што ја имаат сите успешни луѓе

Џулиет Хан, невролог од Медицинскиот факултет на Универзитетот „Харвард“, посочува на една потценета вештина што ја имаат сите успешни луѓе, особено оние што се интровертни. Во авторски текст за Ес-ен-би-си, Хан се фокусира на вештина која смета дека е најпотценета бидејќи ја имаат сите успешни луѓе, особено интровертите.

Станува збор за способноста за јасно пишување, без оглед на професијата. Таа дава и неколку совети за подобро пишување во професионалната комуникација.

Формат на пораката

Хан пишува дека е важно да се одбере соодветниот форма за пораката која сакате да ја испратите. Таа препорачува „Пауер поинт“ за претставување резултати, а електронски пораки за соопштување одлуки.

Одбегнувајте жаргони

Таа смета дека комуникацијата со едноставен јазик е најдобар начин да се образложат сложени теми. Таа препорачува одбегнување жаргони или акроними, без оглед на тоа колку се универзални.

- Размислете за користење графика или аналогија за да поентирате. Еден од најдобрите примери што ги имам видено е презентација на финансиска стратегија на еден извршен директор, а која наликуваше на детска книга - објаснила таа.


Фото: Pixabay

Според неа, треба да се изостават непотребните детали бидејќи може да им бидат здодевни на читателите или слушателите.

Како треба да изгледа електронска порака?

Според Хан, една добра електронска порака треба да ја има причината за пишување. Потоа, пораката треба да биде форматирана така што лесно би се читала на телефон, што подразбира кратки реченици. Хан советува да се биде конкретен во пораките, а доколку пораката е подолга од една страница, подобро е да се креира документ кој ќе биде приложен во пораката.

Прецизно пишување

Пораката на Хан е дека треба да се пишува прецизно. Тоа подразбира проверка на грешки пред испраќање, особено кога пораката содржи нумерички податоци. Таа советува да се одбегнуваат непотребни шеги и хумор, особено кога пораката се испраќа до непозната личност. Конечно, таа вели дека треба да се отстранат зборовите и речениците што не се важни.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот