X
 04.03.2016 Образование

Принципи на учење според Монтесори

Ова се основните принципи за учење со помош на Монтесори методите, без оглед дали имате или немате Монтесори материјали. Овие принципи се најдобри за претшколска возраст бидејќи ја исполнуваат природната потреба на децата да учат сами без специфичен материјал.

1. Следете ги децата, најважниот принцип за било која возраст

Индивидуализираното учење врз основа на Монтесори принципот се работи врз основа на следење на детето и откривање на неговите потреби и интереси почитувајќи го неговото достоинство.

2. Почитувајте ги и охрабрувајте го детето и неговиот ум

Почитувајте го самото дете и охрабрувајте го на набљудува, испитува и апсорбира се` она што го интересира.

3. Овозможете му ја на детето слободата да истражува и внатре и надвор се` додека е безбедно и ја користи слободата во позитивна смисла

Независноста и самостојното учење се важни поими но и цели на Монтесори образованието.

4. Дајте му на детето што повеќе можности за практично учење


Важно е детето да има добра искуствена основа пред да започне да ги совладува апстрактните концепти.

5. Ставете акцент на практичните и сензорните активности на претшколска возраст

Практичните активности на оваа возраст се: грижа за себеси, грижа за животната средина, ориентација во просторот, координирано движење, пристојно однесување и третирање на другите и независност. Сето ова ќе му помогне на детето да развие концентрација, координација и самостојност. Овие активности се всушност стимулација за сетилата, и даваат добра подготовка за академското учење.

6. Овозможете им на децата да имаат материјал и алатки кои ќе им одговараат кога и да е возможно


Материјалите и алатите би требало да стојат на ниски полици за детето да може да избере она што му одговара за активноста.

7. Не ја прекинувајте активноста на детето бидејќи потребно е да ја развива способноста за концентрација


Конкуренцијата, тестовите, испрашувањата, казните или наградите не се потребни. Детето само ќе развие чувство на задоволство преку добро сработената работа и постигнатите резултати.

8. Создадете атрактивна и уредна средина за детето

Ваквата средина ќе помогне во менталниот и интелектуалниот развој на вашето дете.

9. Покажете му на детето како се работи

Немојте да очекувате детето автоматски да знае како нешто да направи, морате прво да му покажете.

10. Кога ќе му понудите активност погрижете се да не го збуните и оптеретувате


Кога на пример детето ги учи боите, потрудете се да ги учи само нив (значи да варираат само боите но не и обликот и големината на материјалот) такашто ќе имате увид во напредувањето и контролирањето на можните грешки.

Ако ги следите Монтесори принципите тие ќе му помогнат на вашето дете самостојно да развие позитивни карактеристики ивештини кои ќе бидат добра основа во понатамошниот развој и учење.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование