X
 04.04.2019 Живот

Што добиваме ако не ги читаме правилно статистичките податоци? Трамп!

Дали знаевте дека Шведска ја има втората највисока стапка на силување во светот? Според официјалните статистики од Организацијата за дрога и криминал на ОН, во 2015 година Шведска забележала 57 случаи на силување на 100.000 луѓе, во споредба со 39 во САД и само 3 во Индија. Стапката на силување во Шведска е зголемена во последниве години, истиот период кога земјата прифати голем број неевропски мигранти и баратели на азил.

Ова е исклучително погоден факт за критичарите на имиграцијата. Доналд Трамп го има искористено, а исто и Најџел Фараж.

tramp

Но, сите тие грешат. Зошто? Бидејќи податоците на ОН се однесуваат на евидентирани дела. Пропорционално, шведската полиција забележала многу повеќе силувања во 2015 година отколку индиската полиција. Со тоа, ова не е исто како да кажете дека се случуваат повеќе инциденти во Шведска отколку во Индија. Слично на тоа, фактот дека шведската полиција евидентирала повеќе инциденти во 2015 година отколку што евидентирала пред една деценија не значи дека Шведска станала поопасно место за живеење. Всушност, овој период се совпаѓа со значителното проширување на правната дефиниција за силување.

Грешката што ја прават Трамп, Фараж и други луѓе се потпира на еден од најкритичните принципи во статистиката: мерењето. За да разбереме што една голема бројка вели за светот, потребно е да знаеме што точно мери и брои. Занемарувањето на овој принцип е извор на голем број од погрешните статистички податоци за медиумите и политиката.

Модерниот свет е управуван од бројки. Виталните информации за речиси секое прашање - околината, здравството, образованието и имиграцијата - се пренесуваат на јазикот на статистиката. Ова значи дека ако универзитетите сакаат да ги подготват дипломците да бидат информирани граѓани, тогаш треба да обезбедат студентите да знаат што се мери и кои бројки одговараат на мерењето.

Ова особено важи за студентите од општествените науки. Тие се наредната генерација на политичари, новинари. Сепак, дипломираните студенти по општествени науки остануваат недоволно обучени за да се соочат со сè попростиот статистички пејзаж.

Повеќето традиционални предавања за статистиката се слични во она што го покриваат. Целата на содржината на овие предавања е да ги претвори студентите во стручни квантитативни истражувачи, опфаќајќи подлабоки математички основи на статистичките тестови, заедно со дополнителни техники и дијагностика што ретко се појавува во објавените истражувања.

Студентите ги претворивме во вработени кои седат во лаборатории и притискаат копчиња во статистички софтверски програми. Тие никогаш не научиле како да ги поврзат статистиките со важни прашања во реалниот свет. Потребно е студентите да сфатат дека врската помеѓу статистиката и реалниот свет е единственото нешто што е важно.

Наместо да употребуваме случајни примери за да ги илустрираме статистичките принципи, треба да започнеме со примери - реални проблеми за кои навистина се грижиме и да покажеме како броевите можат да ни помогнат подобро да ги разбереме.

Ако дипломираните студенти, наместо да притискаат копче во статистички софтверски програми, знаат да кажат дали бројката во весникот е голема или мала, тогаш ќе се наоѓаме во многу подобро место отколку што сме сега.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот