X
 04.04.2021 Наука

Научниците собрале животинска и човечка ДНК од воздухот

Научниците откриле како да извлечат животинска и човечка ДНК од воздухот. Новата техника би можела да се применува во екологијата, форензиката и медицината, се вели во истражување за откритието.

Животните исфрлаат клетки во околината, па истражувачите веќе користат примероци од вода или почва за да бараат таканаречена „околинска ДНК“, која може да им даде информации за животните форми што населувале одреден регион во минатото. Во новото истражување, тим воден од Елизабет Клер, предавач на лондонскиот Универзитет „Квин Мери“, ја применил техниката за собирање ДНК од воздухот.

Ова е прво собирање животинска ДНК од воздухот во рамките на научно истражување, додека претходно истото било направено со ДНК од растенија и габи. Истражувачите работеле со ДНК на вид стаорци без влакна кои живееле во иста околина долг период.


Собирањето ДНК се правело со стерилен пластичен сад со филтри и пумпа која го вовлекувала воздухот во системот, додека филтрите ја собирале ДНК. За време на експериментите биле собрани и примероци на ДНК од истражувачите и лицата што се грижеле за стаорците.

Оваа техника би можела да се користи за еколошки истражувања за население и биодиверзитет, анализи во областа на форензичката антропологија и форензичката археологија, како и во медицината. Собирањето ДНК од воздухот би можело и да се комбинира со постојни техники за истражување на ширењето на патогени, како коронавирусот.

Автор: Беки Фереира
Извор: vice.com
Фото: Kjpargeter/Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука