X
 04.05.2017 Култура

Најбезбедното место во светот!

Планината Шанеј, која се издигнува на 2.915 метри надморска височина, изгледа диво и тивко. Но, длабоко во оваа планина се наоѓа една од најсигурните воени инсталации. Заштитени од гранит висок 760 метри, овие луѓе анализираат податоци од еден глобален надзорен систем, во обид да се предупредат највисоките претставници за лансирање и ракетни закани во Северна Америка.

Нивниот воен град, чија изградба завршила во средината на 60-те среде Студената војна е високо отпорен на нуклеарни бомби, електромагнетни бомби, електромагнетно деструктивно однесување од сонцето, и биолошко оружје. Дизајниран е да си ја заврши работата и да им овозможи услови за работа на луѓето кои работат токму во овој комплекс, во случај на најлошо сценарио. Со ескалацијата на ситуацијата и стравувањата во врска со агресијата на Северна Кореја, способностите на Шанеј планината да предвиде и да преживее нуклеарен напад се сега многу поголеми од пред неколку месеци.

Може да се каже дека овој бункер е најспособното место на Земјата да се отсечи од останатиот дел од светот. А најтешко за вработените таму е тоа што тие знаат дека во најлош случај, сите нивни сакани се надвор од најбезбедното место во светот.

Голем дел од безбедноста доаѓа од подземноста на самиот комплекс. А со оглед на тоа што рударите морале да ископаат 693.000 тони гранит за да го направат овој комплекс, очекувајте дека влезот прилично ќе ве изненади.

„Вработените тука учат да живеат без небото, без ништо од надвор, и само телевизија“, вели Расти Мулинс, заменик директор на ескадронoт на комуникации на воздухопловните сили.

Тука луѓето делат соби, и јадат таканаречени „MRE“ оброци чии калории се густи. Тие дишат филтриран воздух кој доаѓа преку вентили, а електричната енергија ја снабдуваат преку внатрешна централа од 10.5 мегавати. Сè што им е потребно може да се најде во кабинетите и кафезите наречени „Wal-Marts“.

По скалите нагоре можете да ја посетите теретаната. Во нормален ден има инструктор, но ако има бомбашки напад или земјотрес, оваа соба се претвора во болница.

Но, луѓето тука мора да се соочат со тешкотиите кои ги носи оваа работа. Мулинс има жена и деца, меѓутоа тие мораат да знаат дека ако се случи нешто на Земјата, тие се оставени сами на себе. Така, луѓето кои работат тука се соочени со прилично голем психолошки притисок. Во текот на нападите 9/11, стотици луѓе заклучени внатре сакале да си одат дома. Еден од вработените бил толку вознемирен, што официјалните лица морале да го однесат во капела каде бил оставен да се смири. После 15 минути, човекот се вратил на работа.

Работата на овие луѓе најчесто вклучува компјутери. Токму затоа комплексот е толку чуван и физички и дигитално.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура