X
 04.05.2021 Живот

Сега може да изнајмите цела планина на „Ербиенби“

Доколку ја сакате природата и сакате патувања, но не сакате метеж и многу луѓе, веројатно опцијата за изнајмување цела планина ќе ви биде примамлива. „Ербиенби“ го нуди токму ова.

Нов оглас на платформата е за изнајмување цела планина во Монтана. Гостите ќе добијат можност да истражуваат површина од 23,7 квадратни километри, пешачејќи или возејќи велосипед до врвот на планината. „Ербиенби“ го нуди „сместувањето“ во соработка со одморалиштето „Биг скај“ во Монтано и планинарот Конрад Анкер.

На првата ноќ во предвидениот одмор гостите ќе имаат можност да гледаат метеорски дожд со телескоп во кабината покрај планината. Станува збор за еднократна понуда што вклучува две ноќевања и три дена од 7 до 9 октомври. Според понудата, едно ноќевање чини околу 88 долари.

Автор: Екта Јоши
Извор: luxurylaunches.com
Фото: Airbnb
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот