X
 04.06.2019 Наука

На Месечината се појавува чудна светлина, а научниците не знаат зошто

Неколку пати неделно кратки блесоци светлина се појавуваат на Месечината и досега научниците само погодуваат зошто се случува тоа.

Но, германски астрономи имаат нова теорија и таа може да овозможи клучни информации за луѓето што сакаат да ја освојат Месечината.

- На Месечината беа набљудувани и сеизмички активности. Кога површината се движи, гасовите што рефлектираат сончева светлина би можеле да избегаат од внатрешноста на Месечината. Ова би можело да го објасни светлечкиот феномен, кој некогаш трае со часови - истакна Хакан Кајал, професор на Универзитетот „Јулиус-Максимилијанс“ во Вирцбург, Германија.

Чудните светлини всушност првпат биле забележани во 50-тите години, но добиле мало внимание од светот на науката. Германскиот тим сака да го промени тоа со новоизградениот лунарен телескоп во Јужна Шпанија, кој почна да го скенира ноќното небо во април.

Две камери навечер ги гледаат чудните светлини. Ако двете видат иста светлина, тие прават серија фотографии и снимки. Но, на софтверот за нивниот нов телескоп сè уште треба да се работи. Кајал и неговиот тим планираат да го надградат за да може да ги филтрира птиците и авионите.

Разбирањето на феноменот може да биде клучно во гарантирањето на безбедноста на оние што сакаат да ја освојат Месечината.

- Секој што сака да изгради база на Месечината мора да биде запознаен со локалните услови - вели Кајал.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука