X
 04.06.2020 Живот

Одговараме на вашите климатски прашања - Да се едуцираме и преземеме #КлиматскаАкција

Одговараме на вашите прашања за климатските промени. За сè што не знаете или ве интересира, ќе ви дадеме одговори. Заедно да се едуцираме и преземеме #КлиматскаАкција.

Прашањата може да ги поставите преку специјалната алатка „Постави климатско прашање“ на веб-страницата klimatskipromeni.mk. Исто така, прашања поврзани со преземање климатски акции, но и информации за ефектите од климатските промени на глобално ниво и во Северна Македонија, може да поставите и преку директна порака на нашата Facebook страница, или пак на нашиот профил на Instagram.

Прашања може да поставувате и на електронската адреса klimatskipromenimk@gmail.com.

Одговорите, во вид на видео ќе бидат снимени и објавени на нашата веб-страница, на каналот на YouTube, како и на нашите страници на социјалните мрежи, со цел да стигнат до сите, а не само до тие што го поставиле прашањето.

Доколку пристигнат повеќе слични прашања од иста област, ќе биде подготвен еден соодветен одговор.

Ние сме секогаш достапни и подготвени за вашите прашања, а одговори ќе добиете од стручни лица од Министерството за животна средина и просторно планирање, од други надлежни институции и УНДП. 

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот