X
 04.06.2021 Живот

Музичарите ја „погребаа“ музиката, бараат да се дозволат сите видови настапи, а не само на свадби

Незадоволни од последното разлабавување на ковид-мерките, со кои е дозволена жива музика само на свадби, музичарите денеска излегоа на протест пред Владата барајќи да се дозволат и секојдневните настапи во угостителските објекти. Според нив, оваа мерка на дозволено музицирање само на свадби е крајно дискриминирачка кон музичката фела, која не гледа причина да не бидат дозволени малите настапи во кафулиња, барови и други угостителски објекти.

 

- Дојде време да нè пуштат да си ја работиме работата. Без причина сме дискриминирани по различни основи. Исполнети се условите да си ја вршиме нашата дејност. Сè додека пред нас не се приложат аргументи зошто не смееме да работиме, ние ќе продолжиме да протестираме. Никој од нас не сака да биде тука, но ситуацијата нè принудува на тоа. Оваа последна мерка со која се дозволени свадби, а други настани не се дозволени, за нас е крајно дискриминирачка - изјави Трајко Симоновски, претседател на Здружението на музичари „Музика - Сега“, кое беше организатор на протестот.

Цело време на протестот се пушташе музика како за погреб и имаше минута молчење во чест на музиката.

Како за потсетување, Владата од почетокот на месецов, покрај дозволувањето да се организираат свадби со жива музика, на отворено со најмногу 100 гости, дозволи и шестмина да седат на една маса во угостителските објекти.

Подготвил: Никола Петровски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот