X
 04.06.2022 Живот

Поради огромниот пад на популацијата на инсекти, не треба да се убиваат осите и мувите

Издадено е предупредување да не се убиваат мувите и осите што летово ќе влезат во вашиот дом.

Новото истражување направено од добротворните организации „Баглајф“ и „Кент вајлдлајф траст“ покажа дека популацијата на летечките инсекти е намалена за дури 60 отсто во период од 20 години.

Се советуваат луѓето да не ги убиваат инсектите и наместо тоа, да се обидат да го вратат секој инсект надвор. Огромниот пад на популацијата на инсекти треба да нѐ шокира и да нѐ загрижи.

Природонаучниот музеј во Лондон побарал од луѓето да го избројат бројот на инсекти што се нашле на табличките на возилата и овој број да го споредат со слично истражување од 2004 година. Било откриено дека имало 65 отсто помалку инсекти, а најмалку во Шкотска, која забележува пад од 28 отсто.

- Резултатите од истражувањето треба да нѐ шокираат и да нѐ загрижат. Гледаме пад на популацијата на инсектите, кои ги одразуваат огромните закани и загубата на дивиот свет. Овие опаѓања се случуваат со алармантна брзина и без усогласена акција за нивно решавање, ќе се соочиме со лоша иднина. Инсектите и опрашувачите се основни за здравјето на нашата животна средина и руралните економии. Потребна ни е акција за целиот наш див свет со создавање повеќе и поголеми области на живеалишта, обезбедување коридори низ пределот за дивиот свет, овозможувајќи му на природниот простор да закрепне - вели Пол Хедавеј, директор за заштита во „Кент вајлдлајф траст“.

Природонаучниот музеј прикажува мрачна слика за влијанието на намалувањето на бројот на инсекти.

muva
Фото: Freepik

- Намалувањето на инсектите ги погодува сите поголеми групи. Во следните неколку децении дури 40 отсто од светските видови би можеле да исчезнат, вклучувајќи ги пчелите, мравките и пеперутките. Овие инсекти се најзначајните опрашувачи на растенијата. Додека растенијата се опрашуваат на многу различни начини, растенијата опрашувани од инсекти, како што се јаболка, круши, краставици, лубеници и бадеми, ќе станат значително помалку продуктивни и може целосно да пропаднат. Влијанието на загубата на инсекти оди многу подалеку од нашите резерви на храна, птиците, исто така, ќе бидат погодени - велат од Природонаучниот музеј.

Затоа, наместо да ги убивате инсектите, обидете се да поставите куќичка за инсекти во вашата градина. Другите совети се помалку косење на тревникот бидејќи високата трева е дом за инсекти.

Извор: Kentlive.news
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот