X
 04.07.2019 Живот

Оваа земја е најдобрата дестинација за живот за странци

Швајцарија е пред Сингапур како најдобра дестинација за живот за странци. Според анализата на Expat Explorer на HSBC, државата која е дом на едни од водечките банки и фармацевтски лидери во светот е избрана за број 1 во светот за живот и работа на странци.

Лани на таа листа Швајцарија беше на осмата позиција.

Според анализата, просечната плата во таа држава е 111.587 долари и е за 47 отсто над просечната во останатите 33 држави што ги имале предвид во истражувањето.

Седуммина од десет странци велат дека приходите им се зголемиле значително по преселувањето во Швајцарија.

По Швајцарија следуваат Сингапур, Канада, Шпанија, Нов Зеланд и Австралија.

Турција на таа листа има најголем „скок“ – од 22. на 7. место, пред сè поради отвореното и гостопримливото општество.

Велика Британија падна на 27. место од 10., а Шведска, која минатата година беше седма, сега е на 20. место.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот