X
 04.07.2020 Економија

Најбараните професии во моментов според „Линкдин“

Пандемијата на коронавирусот има големо влијание врз глобалниот пазар на труд, покажуваат податоци од социјалната мрежа „Линкдин“. Економската криза принуди многу бизниси да отпуштат вработени и да вработуваат помалку нови луѓе во многу индустрии.

Еден извештај од Меѓународната организација на трудот на Обединетите нации проценува дека во вториот квартал од 2020 година биле изгубени работни часови еквивалентни на 400 милиони работи со полно работно време. Тоа значи дека на одредени работодавци им се потребни нови работници за да го надоместат загубеното, а тоа може да биде решение за оние што останале без работа поради кризата.


Фото: Pexels

Од „Линкдин“ велат дека пазарот на труд во Велика Британија моментално е трипати покомпетитивен во споредба со истиот период минатата година.

Во извештај објавен неделава „Линкдин“ ги претстави најбараните професии на глобално ниво според сопствени податоци. Од социјалната мрежа велат дека во моментов најмногу се бараат овие 10 професии.


Фото: Pexels

1. Софтвер девелопер
2. Одговорен за продажба
3. Проектен менаџер
4. ИТ-администратор
5. Специјалист за корисничка поддршка
6. Специјалист за дигитален маркетинг
7. ИТ или техничка поддршка
8. Дата-аналитичар
9. Финансиски аналитичар
10. Графички дизајнер

Автор: Вики Мекивер
Извор: cnbc.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија