X
 04.07.2021 Наука

Колку опасни астероиди во моментов се во близина на Земјата?

Центарот за истражување на тела во близина на Земјата на американската вселенска агенција НАСА набљудува над 26.000 астероиди и помалку комети што поминуваат покрај нашата планета. Помеѓу овие има над 2.000 тела што се сметаат за потенцијално опасни, од кои 158 имаат дијаметар поголем од еден километар.


Фото: Pixabay

За жал, удар од дури и помал астероид може да предизвика штета. Еден астероид кој имал дијаметар од само десет метри, експлодирал на 25 километри од морското ниво во декември 2019, создавајќи експлозија силна колку десет атомски бомби како онаа фрлена на Хирошима.


Ниту една организација за набљудување на вселената не го детектирала телото пред да експлодира при влезот во атмосферата.


Со напредувањето на технологијата се подобрило и откривањето на вселенските тела што се околу нас. Според НАСА, само малку вселенски тела биле откриени до 1900 и во текот на 20. век. До 1990, биле откриени само 134 астероиди во близина на земјата, од кои 42 биле потенцијално опасни.

За споредба, во моментов се следат 23.115 астероиди во близина на Земјата, од кои 2.185 се сметаат за потенцијално опасни.

Извор: World Economic Forum
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука