X
 04.07.2022 Живот

Зошто сме уморни кога престојуваме на сонце? Постои објаснување за овој феномен

Најдобар начин да го искористите убавиот и сончев ден е да бидете надвор. Сепак, тоа може да предизвика одредени проблеми. Може да добиете топлотен удар на екстремни температури, а откако ќе поминете еден ден на сонце, може да се чувствувате преуморни иако не сте направиле ништо напорно.

Причината за оваа исцрпеност е тоа што вашето тело троши многу енергија за да се олади. Топлината предизвикува многубројни реакции во вашето тело за да ја одржи оптималната телесна температура. Овие реакции се, на пример, вазодилатацијата и потењето. Овие процеси придонесуваат за термичка регулација на телото.

Сето ова може да доведе до дехидрација бидејќи телото користи течност за да се олади и таа доаѓа на површината на вашата кожа во форма на пот. Доколку чувствувате екстремен замор и летаргија на високи температури, мора веднаш да реагирате бидејќи може да прерасне во топлотен удар. Симптомите се зголемен пулс, ненадеен прекин на потењето, гадење, конфузија и исцрпеност.

Ако планирате да поминете многу време на сонце, понесете крем за сончање, погрижете се секогаш да сте хидрирани и да имате вода со вас. Избегнувајте алкохол и кафе и потрудете се што повеќе да бидете под сенка за да не бидете директно изложени на УВ-зраците.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот