X
 04.08.2017 Живот

Што кажува вашиот говор на телото за вас?

Говорот на телото понекогаш изгледа како странски јазик.

Можеби сте слушнале неколку совети, како на пример да не гледате нагоре или десно кога се обидувате да излажете нешто бидејќи тоа ви ја открива намерата. Сепак, ако прашате просечна личност на улица дали може да го прочита говорот на телото и неговото значење, сигурно ќе добиете негативен одговор. Но, „Јутјуб“ е тука да помогне.

Во неодамнешно видео се говори за тоа како можеме да го интерпретираме говорот на телото, а и да го поврземе со личните карактеристики. На пример, се зборува дека ако мажите често трепкаат, тоа е знак дека се нервозни. Контактот со очи може да биде сигнал за самодоверба, интерес и чесност. Кога лажеме, кај нас се лачи адреналин, па тоа ги дразни вените во нашиот нос. Во тој случај може да започнеме да го чешаме носот.

Подетално за ова можете да погледнете во следното видео.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот