X
 04.08.2018 Економија

Во која земја од регионот се највисоки, а во која најниски платите?

Словенија со остварена месечна нето плата од 1.077,77 евра за мај оваа година е држава со највисоки примања во регионот. Истовремено, тоа е единствената плата во регионот која е повисока од илјада евра.

Просечната плата во Хрватска во мај достигнала ниво од 866,95 евра, во Црна Гора во јуни таа била 511 евра, во Босна и Херцеговина просечната плата во петтиот месец годинава била на ниво од 448,59 евра, а во Србија 426 евра.

Најниската исплатена просечна плата за мај годинава е во Македонија и изнесува 399,28 евра.

Просечната плата во Македонија се зголемила за 17,38 евра во однос на минатата година.

Во БиХ таа се зголемила за 12,46 евра.

Кога станува збор за Црна Гора, интересно е што просечната нето заработка во јуни оваа година во однос на еден месец порано забележала пад од 0,2 отсто, додека просечната нето заработка во јуни 2018 година во однос на истиот месец лани забележала раст од 0,2 отсто.

Исто така, интересно е што просечната исплатена плата во регионот во оваа во однос на крајот на минатата година најмногу се зголемила во Хрватска и тоа за 71,42 евра.

Просечната плата во Србија оваа година во однос на минатата се зголемила за 29,71 евра и во Словенија за 21,30 евра.

Само во Црна Гора не се променило нивото на просечната плата и се задржало на износот од 511 евра.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија