X
 04.08.2021 Култура

Возбудливи наслови што ќе пристигнат на „Нетфликс“ месецов

Август е одличен месец за гледање нова серија или нов филм, без разлика дали сте на одмор и ви треба релаксација или сепак работите, но сакате да се опуштите на крајот од денот. Во продолжение следуваат неколку нови филмови и серии што доаѓаат на „Нетфликс“ месецов.

„The chair“

Оваа мрачна комедија ќе има 6 епизоди, а се фокусира на Џи-Јун Ким, жена кога станува директор на одделот за англиски јазик и книжевност на престижен универзитет кој е погоден од скандал.


„The kissing booth 3“

Ова е трет дел од серијата истоимени романтични комедии. Во овој дел љубовната приказна на Ноа и Ел доаѓа до крај. Приказната е за неодлучна девојка и безгрижно лето за кое сонуваме.


„Clickbait“

Станува збор за мини-серија во која главниот лик одеднаш исчезнува, а на интернет се појавува видео на кое тој држи порака дека злоупотребува жени и ќе биде убиен доколку добие 5 милиони прегледи.


„Misha and the wolves“

Овој документарен филм е за белгиска имигрантка која се разделила од родителите како дете и живеела со друго семејство за да преживее. Таа подоцна избегала за да го најде семејството, но пронашла нешто друго - волци со кои живеела еден дел од животот.


„Beckett“

Овој филм е фикција, но ќе успее да ви го задржи вниманието. Станува збор за приказна за американски турист во Грција кој доживува сообраќајна несреќа и станува цел на опасни луѓе.


Извор: Harper Bazaar 
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура