X
 04.08.2022 Живот

Италијански град забрани шетање во костим за капење

Дамите во бикини и мажите без маица кои шетаат во Соренто, Италија, може да бидат казнети за дури 500 евра. Оваа мерка била наредена од градоначалникот на Соренто, Масимо Копола.

Казните се движат од 25 до 500 евра. Според градоначалникот, движењето низ градот во костим за капење може да предизвика непријатност за жителите и туристите.

- Нема повеќе непристојно однесување. Затоа ја потпишавме наредбата со која на луѓето им се забранува да шетаат низ градот без маица или во костим за капење - изјавил Копола.

Извор: Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот