X
 04.09.2019 Живот

Финска е прогласена за најдобра земја за посета на дивиот свет

Ако сте љубители на дивиот свет и природата, тогаш сигурно сте заинтересирани за патување во земји што се сметаат за најдобри дестинации во таа област.

Глобалниот индекс за патувања и посета на животинскиот свет анализирал различни фактори, вклучувајќи ги и биодиверзитетот на животинскиот свет, распространетоста на националните паркови, напорите за зачувување и заштитени природни области. Индексот беше проширен да вклучи подетални согледувања оваа година, вклучувајќи го и зголемениот фокус околу одржливоста на животната средина, што е сè поважно за еколошки-свесните патници.

Од анализите на различни фактори, бил донесен заклучок според кој Финска е најдобрата дестинација во светот за патување и посета на дивиот свет. Ова се должи на високите нивоа на одржливост на животната средина, неговиот уникатен и разновиден диверзитет на видови, убавите природни пејзажи и напорите за зачувување. Исто така, земјата продолжи да забележува брзо зголемување на бројот на посетители во текот на минатата година. Се најде на врвот поради 39 национални паркови и фактот што има шумски области што покриваат над 73,1 отсто од нејзината земја.

div svet
Фото: Getty Images

Кога станува збор за одржливоста на животната средина, извештајот го разгледува ризикот на видовите во секоја земја. Користејќи го индексот на „Црвената листа“, го оцени ризикот на истребување на видовите врз основа на разни вистински закани. Шведска, рангирана на второто место во целокупниот извештај, се најде на првото место во оваа категорија. Според новообјавениот извештај, другите најдобри земји за патување и посета на дивиот свет се:

3. Бразил

4. Канада

5. САД

6. Норвешка

7. Шпанија

8. Германија

9. Полска

10. Словенија

Целосниот извештај од Индексот можете да го најдете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот