X
 04.10.2019 Живот

Младите сѐ подоцна ги напуштаат домовите на родителите

Слатко-горчлив е моментот кога вашите деца конечно ќе летнат од гнездото, односно кога ќе се преселат од домот и ќе почнат да живеат сами. Или поточно, би бил слатко-горчлив момент ако се случи.

Реалноста е дека историјата се повторува. Во Европа, САД и Австралија сè повеќе млади избираат да живеат со своите родители, а се преселуваат од семејниот дом подоцна од вообичаеното. Исто како порано.

Според професорот Андреа Брин, вонреден професор на Катедрата за семејни односи и применета исхрана на Универзитетот во Гелф, економската неопходност е клучната причина што децата живеат подолго со своите родители.

1

2

- Сè повеќе и повеќе семејства треба да ги комбинираат приходите за да си ги дозволат основните потреби, вклучувајќи кирија, храна, здравствена заштита и пристап до образование. Економската неопходност ги тера младите луѓе да останат во домот на родителите и е важен фактор поради кој многу постари возрасни почнуваат да живеат со нивните деца, кои веќе пораснале.

Помеѓу европските земји каде што повеќето млади остануваат со нивните мајки и татковци, младите најдолго се задржуваат во Црна Гора, Хрватска, Словачка и во Италија.

Во Македонија, 3/4 од младите (73 отсто) на возраст од 18 до 34 години живеат со родителите, покажуваат податоци од 2014 година.

mk

Според податоците на „Евростат“ за 2018 година, просечната возраст во Европската Унија кога младите ги напуштаат домовите на родителите е повеќе од 25 години. Во 2017 година „Евростат“ покажа дека 35,3 отсто од 25 до 34-годишните мажи сè уште живеат со родителите, во споредба со 21,7 отсто од жените од истата возрасна група. Најмал процент на млади луѓе што живеат со нивните родители има во Данска (3,2 отсто), Финска (4,7 отсто) и Шведска (6 отсто), додека најголем во Хрватска (59,7 отсто), Словачка (57 отсто) и Грција (56,3 отсто).

Податоците на „Статиста“ за 2018 година покажуваат дека просечната возраст кога младите Црногорци излегуваат од дома е 32,8 години. Хрватите се на второ место со просечна возраст од 31,8 година; Словаците се на трето место со 30,9 години, а Италијанците со 30,1 години.

1

- Друга клучна причина се потребите за грижа за семејството. Младите луѓе во Канада, Австралија, САД и во Британија (и други делови од светот) се активно вклучени во дневната грижа за членовите на семејството (вклучувајќи ги браќата и сестрите, родителите, бабите и дедовците и другите членови од семејството).

- Членовите на семејството се борат да ги исполнат празнините во системите за здравствена заштита и социјална заштита, кои не обезбедуваат соодветна грижа и поддршка за лицата со хронични заболувања, хендикеп, борбите со менталното здравје и злоупотреба на супстанции. Ова е особено важно бидејќи популацијата старее. Голем дел од грижата за бабите и дедовците сега ја даваат внуците - вели професорот.

- Третата причина е културата. Индвидуалистичките идеи за луѓето што растат и заминуваат сами не е норма во многу култури. Некои култури потенцираат дека за постарите лица треба да се грижат членовите на семејството и дека благосостојбата во семејството е колективна одговорност - додава тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот