X
 04.10.2022 Живот

Јапонски храм создаде засолниште за пчелите со фонтана

Пчелите ја благословуваат нашата планета на толку многу необични начини. Тие се инспиративни со нивната работна етика и организациски вештини, а медот што го произведуваат е една од најздравите намирници на светот.

Во сето она што го прават за да ги опрашуваат нашите растенија, овие посебни инсекти ја чувствуваат важноста на напорната работа исто како и ние. За среќа, има некои сочувствителни луѓе кои се обидуваат да ги одржуваат пчелите.

Во Јапонија, во близина на Токио, храмот Хитокотонуши постави фонтани за вода кои изгледаат како мали оази за локалните вредни пчели.

1

Посетителите на светилиштето имаат базени со вода што се нудат во павилјонот „темизу-ја“. Овие водени светилишта се реплицираат во минијатурна форма во лето за пчелите да можат да се разладат.

Малите делови од засолништата за пчели се приспособени за малите, но не помалку значајни потреби на овие инсекти. Пчелите се одржуваат хидрирани и среќни со прекрасно стилизирани минијатурни пејзажи кои имаат минијатурни архитектонски структури, мек мов и други површини погодни за искачување. Малите точки за наводнување им даваат на инсектите доволно место за тие да застанат и да се напијат без ризик од давење. Пристапот до чиста, освежителна вода за пиење им овозможува на пчелите да ги стабилизираат температурите на нивните кошници, да го разредуваат медот и да ги хранат своите млади пчели.

2

Таквата грижа за сите суштества е она за што се залага шинтоистичката традиција и вредности. Почитувањето на природата и почитувањето на сите живи суштества е вградено во шинтоистичкиот начин на живот. Оваа внимателна иновација за инсектите вклучува специјална фонтана за вода изградена само за пчелите. Друга предност на создавањето на овие пчелни простори е тоа што се избегнуваат средби меѓу луѓето и пчелите.

3

4

На светилиштето е поставена табла за посетителите на која пишува: „За оние што го користат темизу, пчелите од соседството моментално доаѓаат во светилиштето да пијат вода. Ги насочуваме пчелите до нивното ексклузивно место за пиење вода. Имаат многу нежна диспозиција, па затоа ретко боцкаат. Ве молиме да не ги провоцирате“.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Hitokotonushi Shrine
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот