X
 04.10.2022 Живот

Кои се роднините на кралицата Елизабета за кои се мислеше дека се мртви: Не знаеле да зборуваат, а кралството се обидело да ги скрие

Поради огромниот интерес за британското кралско семејство по смртта на кралицата Елизабета, многумина се прашуваат за „тајните“ роднини на Елизабета кои останале скриени.

Во 1987 година беше откриено дека кралицата Елизабета имала две скриени братучетки: Кетрин и Нериса Боус-Лајон.

Кои биле тие?


Кетрин (1926-2014) и Нериса (1919-1986) биле ќерки на Џон Херберт Боус-Лајон и неговата сопруга Фенела, брат на кралицата-мајка. Кога нејзиниот сопруг, Џорџ Шести, неочекувано стапил на тронот по абдикацијата на брат му, Едвард Осми во 1936, и Елизабет Ангела Маргарит Боус-Лајон неочекувано станала кралица. Ова истовремено значело дека Боус-Лајон од незначајни шкотски аристократи станале директни крвни сродници со круната. Ова повлекло привилегии, но и потреба да се скрие една голема тајна - менталниот хендикеп на двете внуки на мајката-кралица, односно братучетки на денешната кралица Елизабета Втора и нејзината сестра Маргарет.

Сестрите имале тешкотии во учењето и по смртта на нивниот татко во 1930 година биле примени во институција за ментално здравје во Лондон во 1941 година. Нивните братучеди Ајдонеа, Етелдреда и Роузмери, исто така, имале сличен инвалидитет и биле примени во болницата што ја финансирала државата.

Основана во 1847 година, болницата Иствуд во Редхил била првата институција за ментално заостанати луѓе. Интелектот на роднините на кралицата бил на ниво на шестгодишно дете, а ниту една од нив не била способна за говор. Вистинската дијагноза е непозната, а според тогашната медицинска терминологија, двете биле прогласени за „имбецили“.

Во изданието на генеалошката енциклопедија „Burke's Peerage“ од 1963 година пишувало дека сестрите починале во 1940 година, а всушност и двете биле живи.

Се сметало дека оваа состојба е наследна и потекнува од заедничкиот дедо по мајка, Чарлс Трефусис.

Нериса починала на 66 години, во 1986 година и била погребана во гроб означен само со маркер за име и сериски број. Кетрин остана во болница до 1997 година, кога болницата беше затворена поради наводи за злоупотреба, а потоа живееше во друг дом во Сари. Во 2014 година таа почина на 87-годишна возраст.

Серијата „Круната“ ја опфати судбината на сестрите


Судбината на сестрите е опфатена во серијата „Круната“, која се занимава со животот на кралското семејство. Во една од сцените, принцезата Маргарет е шокирана кога дознава дека нејзините сестри се живи. Мајката на Елизабет и Маргарет ѝ вели дека се институционализирани затоа што „нивната болест, идиотизам и безобразие би фрлиле сомнеж врз интегритетот на кралската лоза“.

- Можеш ли да замислиш какви наслови би се појавиле во весниците? Правилото за наследување само по себе е чувствително прашање. Додај ја на тоа менталната болест и ќе се соочиме со крај - вели мајката на кралицата во серијата.

Но, овој разговор е плод на имагинацијата на креаторите на серијата. Се верува дека кралицата-мајка, всушност, не ја знаела вистината за Нериса и Кетрин сѐ до 1982 година и им испратила чек на сестрите да си купат слатки. Згора на тоа, бидејќи тие биле сместени во институцијата речиси пет години по абдикацијата на Едвард VIII, малку е веројатно дека одлуката е донесена како реакција на новите врски на семејството со тронот.

Во серијата, терапевтот на принцезата Маргарет констатира дека бидејќи болеста потекнува од страната на нејзината мајка, а не од страната на нејзиниот татко, аргументот за „правилото на наследството“ е фактички неоснован.

Приказната за сестрите излегла на виделина во 1987 година, по смртта на Нериса, кога новинарите откриле дека таа била погребана во гроб означен само со пластична етикета со нејзиното име и сериски број. Болницата потврдила дека Кетрин и Нериса се во роднинска врска со кралското семејство, по извештајот што се појавил во весникот „Сан“.

bratucedi
Фото: Netflix

Во тоа време Бакингемската палата излегла со соопштение дека кралицата била запознаена со извештајот.

- Немаме никаков коментар. Тоа е приватна работа на семејството Боус-Лајон - пишувало во соопштението.

Лејди Елизабет Ансон, внука на двете сестри, исто така дала изјава за Би-би-си во име на семејството Боус-Лајон, велејќи дека „немало обид за прикривање“ и дека многу членови на семејството ги посетувале сестрите.

Приказната повторно стана актуелна во 2011 година кога на британскиот „Канал 4“ беше снимен документарен филм со наслов „Скриените братучеди на кралицата“, за петте девојки од семејството Боус-Лајон. Гледачите беа огорчени од скандалот бидејќи документарецот сугерираше дека кралското семејство било бесчувствително кон роднините.

По емитувањето на документарецот, извор близок до Бакингемската палата ги означи тврдењата како целосно лажни.

– Кралицата е многу, многу вознемирена од помислата дека се прави ваква програма, што едноставно не е точно. Семејството редовно ги посетуваше и Кетрин и Нериса, но ниту една од нив не знаеше да зборува, а во текот на животот беа на ниво на четиригодишно дете - изјавил изворот.

Дали кралското семејство некогаш ги посетило сестрите?

Документарецот на „Канал 4“ тврди дека Кетрин и Нериса имале многу малку посетители и нема докази дека некој од кралското семејство ги посетил некогаш.

Говорејќи на програмата, Дот Пенфолд, поранешна медицинска сестра од одделението во болницата каде што престојуваа сестрите, зборуваше за посетите на сестрите во болницата.

- Имав впечаток дека се заборавени - се присетува таа.

Извор: Telegraf.rs
Фото: Netflix
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот