Емоционалната
интелигенција значи да се биде свесен за сопствените емоции и начинот на кој тие влијаат на нашето однесување, особено во интеракција со другите луѓе. Накратко, луѓето со висока емоционална интелигенција полесно се снаоѓаат во животот. Како да дознаете дека ја поседувате оваа карактеристика?
Ова се
седумте знаци кои укажуваат на висока емотивна интелигенција :
1. Благодарни сте за она што го имате
Кога сте фокусирани на она што веќе го имате, и сте благодарни за истото, а не на она што го немате, а сакате да го имате, тогаш сте поспособни да си поставувате нови цели во животот и да ги остварувате.
2. Сфаќате дека не сте совршени
Знаете дека ниту вие, ниту некој друг е совршен. Сите сме луѓе со мани и секој може да поработи на себе за да стане подобра личност. Сето тоа може да ви помогне да ги поправите маните и да бидете подобар човек, а притоа да немате нереални очекувања.
3. Љубопитни сте
Секогаш сте во потрага по одговори и новите знаења. Вашата љубопитност ви овозможува да постигнете подобрувања на самите себе и се она што ве опкружува. Вашата позитивна енергија и страст за живот ги превлекува луѓето околу вас, а вие на нив им помагате да погледнат повеќе животни можности.
4. Имате развиена самосвесност
Свесни сте за својата сила и своите слабости. Тоа знаење ви пружа можност во потполност да искористите се што може да ви помогне за да постигнете животни успеси.
5. Емпатични сте
Способни сте да сочувствувате со другите, па тоа помага во секоја негативна ситуација, секогаш пронаоѓате нешто позитивно, а следствено на тоа и решение за конфликтите.
6. Добро се прилагодувате на промени
Себеси не се доживувате како „жртва“ на промените, туку ги прифаќате и знаете како да се прилагодите. Разбирате дека промената е неизбежна работа и ја дочекувате со позитивен став, бидејќи ја доживувате како прилика за нова можност.
7. Се грижите за своето физичко и ментално здравје
Свеста за важноста на менталното и физичко здравје исто така е одлика на лицата со висок коефициент на емотивна интелигенција. Знаете дека доброто здравје овозможува да постигнете се што сакате во животот и затоа водите сметка за за својот ум и тело преку здрава исхрана, физичка активност, доволно се одмарате и одржувате здрави односи со други луѓе.