X
 04.11.2019 Живот

Невреме помести остатоци од брод заглавени еден век кај Нијагарските Водопади

Брод кој повеќе од сто години бил заглавен меѓу карпите над Нијагарските Водопади првпат значително се поместил по обилни дождови и силен ветар.

Силното невреме ги поместило железните остатоци кои се заглавени таму уште од 1918 година. Локалните власти велат дека остатоците првпат во последните сто години се поместиле толку.

- Изгледа дека старата лаѓа се свртела настрана и притоа заротирала. Се чини дека се наоѓа околу 50 метри низводно од првобитната локација - истакна Џим Хил, управител на канадската агенција „Нијагара Паркс“.

Тој додава дека остатоците веќе не се поместуваат.

Според раскажувањата на локалното население, пловилото таму стои од 1918 година, кога лаѓата се одделила од ремокер со два члена на екипажот и се заглавила меѓу карпите. Тогашните власти се ангажирале за спасување на екипажот, што не било лесно, но завршило успешно.

Кога лаѓата се заглавила меѓу карпите, никој не можел ни да претпостави дека ќе остане таму цел век. Вработените во „Нијагара Паркс“ истакнаа дека ќе ја надгледуваат лаѓата во случај повторно да почне да се поместува.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот