X
 04.11.2021 Технологија

Отсега можете да играте видеоигри на „Нетфликс“

Популарниот стриминг-сервис „Нетфликс“ уште во јули потврди дека на своите претплатници ќе им понуди видеоигри, кои можеа да ги испробаат корисниците во Полска на крајот од август, а подоцна и во Шпанија и во Италија. По три месеци опширно тестирање компанијата конечно им дозволи на сите претплатници да користат „Нетфликс гејмс“.

- „Нетфликс гејмс“ ќе бидат лансирани на мобилната апликација. Прво на „Андроид“, а потоа на „Ајос“. Сè уште е рано, но ние сме возбудени што ќе започнеме да ви носиме ексклузивни игри, без реклами, без дополнителни такси и без купувања во апликацијата - објави „Нетфликс“ на својот твитер-профил.

Имено, корисниците во моментов ќе можат да избираат помеѓу пет видеоигри - „Stranger Things: 1984“, „Stranger Things 3: The Game“, „Shooting Hoops“, „Card Blast“ и „Teeter Up“. Сите пет видеоигри ќе можат да работат директно од апликацијата во делот „Netflix Games“, но за нивно играње ќе биде потребна претплата на „Нетфликс“.

Да потсетиме, ова не е првпат „Нетфликс“ да се впушти во гејмерски подвизи, па претплатниците можеа да се забавуваат со интерактивни филмови во минатото како „Black Mirror: Bandersnatch“, „Minecraft: Story Mode“ и „Carmen Sandiego: To Steal or Not to Steal“.



Извор: Bug.hr
Фото: Screenshot/Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија