X
 04.12.2016 Живот

Последните денови на Ниче

Преголемата интелигенција имала и друга страна – склоност кон лудило кое на крајот го опседнало големиот филозоф.

Германскиот филозоф, поет, композитор и класичен филолог Фридрих Вилхелм Ниче, роден е на 15-ти октомври 1844-та година во Прусија, а со својата работа се истакнал како еден од највлијателните мислители во историјата. Ниче на 3-ти јануари 1889 година доживеал нервен слом. Отакако предизвикал сообраќајна несреќа на улиците во Торино, му пришле двајца полицајци. Што точно се случило не е познато, но приказната која често се повторува е дека филозофот бил сведок на удирање на коњи на плоштадот Карло Алберто.  Тој дотрчал до животните, им ги ставил рацете околу врат за да ги заштити, а потоа колабирал. Следните неколку дена испраќал кратки писма на неколку негови пријатели познати како „Писма на лудоста“. Поголемиот дел од писмата биле потпишани со името „Dionysos“, иако на некои од нив се наоѓало и името „der Gekreuzigte“, што значи „Распнување“.

На својот поранешен колега Букхарт му напишал : „Го ставив Каидо во синџири. Исто така, минатата година бев распнат од германските лекари на многу тежок начин. Вилхелм, Бизмарк и сите други антисемити се укинати“. Во продолжение му наредил на германскиот цар да оди на пат во Рим каде што ќе биде стрелан и ги повикал сите европски сили да преземат воена акција против Германија.

Неговата ментална болест првично била дијагностицирана ккао терцијарен сифилис, во рамките на тогашните медицински знаења. Иако поголемиот број аналитичари, сметаат дека нервниот слом не бил поврзан со неговата филозофија, а поединци го поврзуваат со ривалството кое го имал со Рихард Вагнер.
Ниче претхофно напишал : „Сите врвни луѓе се неодоливо привлечени кон тоа да отфрлат било каков товар на моралноста и да ги земат предвид новите закони, а ако не се навистина луди, нема друга алтернатива отколку самите себе да се излудат или да се претвараат дека се луди“.

Едно од објаснувањата за неговото лудило е и растот на ретро-орбиталниот меигиом, што може да биде причина за деменција. Од друга страна, некои експерти тврдат дека лудилото може да биде резултат на труење со жива која до тогаш се користела како третман против сифилис. Ниче во 1898 и 1899 година претрпел два мозочни удари поради кои бил парализиран, не можел да оди ниту да зборува. Откако заболел од воспаление на белите дробови, доживеал уште еден мозочен удар и починал во август. Сестра му Елизабета го погребала покрај нивниот татко.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот