X
 04.12.2017 Живот

Како полесно да се будите наутро?

За многу луѓе будењето рано наутро е многу тежок процес. Сепак, најчесто мораме да се будиме рано, или поради работни или поради училишни обврски. До одреден степен станувањето ранобудник е надвор од вашата контрола. Но, можете да применувате неколку работи што ќе го олеснат процесот на будење наутро.

Ова се неколку совети:

1. Воведете распоред на спиење составен од циклуси по 90 минути

Така функционира спиењето – претежно во циклуси од по 90 минути, а целта е да се разбудите на еден од нив. Со ваков распоред ќе ви биде полесно, нема да се успивате, а и ќе бидете посвежи и поодморени.

2. Алармот нека биде подалеку од вас во собата

Ако е алармот до вас на креветот или на ноќната масичка, многу лесно ќе го дофатите и ќе го исклучите или одложите. Но, ако се наоѓа на другиот крај од собата, иритирачкиот звук ќе ве натера да станете за да го исклучите и тогаш трикот успеал.

3. Напијте се вода

Кога алармот ќе ви ѕвони, немојте веднаш да помислувате на кафе, наместо тоа, прво напијте се вода. Хидратацијата ќе ви помогне да имате поголема енергија и побрзо да се расоните.

4. Пронајдете го светлото

Сончевата светлина помага во расонувањето, па стојте покрај прозорецот неколку минути откако ќе се разбудите.

5. Туширање

Се препорачува млака вода за туширањето наутро. Циркулацијата ќе работи, а ќе ја добиете и потребната свежина. Експертите советуваат да си пуштите и музика што ве расположува.


 
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот