X
 04.12.2019 Живот

Ќерка ми не се двои од татко ѝ. Како да постапиме?

Ќерка ми има една и пол година. Веќе еден месец оди во градинка. Откако тргна, како да има страв да се одвои од татко ѝ. Тој ја зема и ја носи во градинка, но кога ќе ја донесе дома или кога ќе ја оставиме на чување, постојано го бара. Ова не беше случај претходно бидејќи јас ја чував додека тргна во градинка. Додека е во градинка е супер, не плаче по него или слично, но потоа е друга приказна. Како да постапиме? Се обидуваме да ја заиграме и да ѝ ја оттргнеме мислата од татко ѝ. Мислиме дека тоа што тој ја зема и ја враќа од градинка има влијание.
Нема проблем со седење во градинка, но овој проблем мислам дека има корени од почетокот кога тргна во градинка, кога беше во процес на адаптација, а татко ѝ беше ангажиран околу нејзиното носење/земање. Пред тргнување во градинка ова не се случуваше.

Ова е прашање на читателка упатено до психолозите соработници на Деца.мк.

Одговорот на психологот Христина Стефановска прочитајте го на овој ЛИНК.

Христина Стефановска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот