X
 04.12.2019 Образование

Што е потребно за да ве примат на „Харвард“?

За голем дел од светот „Харвард“ е еден од најпрестижните универзитети. За оние најамбициозните, формулата за влез на овој универзитет е јасна: беспрекорни оценки, квалификации и волонтирање. Но, таквите кандидати се многубројни, па дури и од нив треба да се направи избор. Претседателката на универзитетот ја открива последната состојка во рецептот.

Јасно е дека за запишување на „Харвард“ се потребни совршени оценки, одличен резултат од државниот испит, како и добро резиме со искуство и учество во проекти и сл. Вистината е дека универзитетот добива двојно повеќе од доволно пријави на кандидати што ги исполнуваат овие услови. Претседателката на „Харвард“, Дру Џилпин Фауст, открива која е последната карактеристика на кандидатите што е доволна за влез на универзитетот.

Не е сè во совршените оценки

Многумина сметаат дека совршените оценки се доволни за влез на овој универзитет, но претседателката ги руши надежите на овие кандидати. Таа признава дека кандидати со совршени оценки и искуство се вообичаени, а она што се бара во иднина е необичноста на кандидатот.

Следете ги страстите

Важно е, тврди Фауст, да се следат своите интереси за да се добие интересен карактер. Многу е полесно да се научи нешто, но за многумина тешко е да се прави нешто поинаку од другите.

Дали ова се добри вести за кандидатите или не?

Од „Бизнис инсајдер“ сметаат дека ова се одлични вести бидејќи ова значи дека тинејџерите може да се фокусираат на она што го сакаат наместо да се трудат да бидат „совршени“ во поглед на оценките и искуството.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование