X
 05.01.2017 Здравје

Секое починато лице во Франција автоматски станува донор на органи

Пред неколку години, Франција ја промени политиката на донирање органи по смртта, според која секој државјанин по смртта автоматски станува донор на органи, доколку за време на животот не одлучи поинаку.

Законот во Франција дозволува пресадување на органи од починато лице кое во текот на животот не се изјаснило дека не сака да биде донор, дури и спротивно на волјата на семејството.

До 10 јануари, за донирање органи по смртта беше неопходна потпишана и заверена донорска картичка. Меѓутоа, кога станува збор за оние кои не беа донори, лекарите мораа да се консултираат со семејствата на починатите, кои во најголем број случаи го одбиваа донирањето.

Сега, оние кои не сакаат по смртта да донираат еден или повеќе органи за трансплантација се запишуваат во регистар на лица кои одбиваат донирање. Досега тоа го направиле 150.000 луѓе, а државата ќе им овозможи и онлајн регистрирање.

Во ноември 2016, Агенијата за биомедицина го објави филмот „Дежаву 2“ каде се настојува на развивање на свеста кај младите од 18 до 25-годишна возраст за донирање органи по смртта.

Европската унија соопшти дека постои огромен недостаток на органи за трансплантација и дека во 2014 година, во земјите од Унијата 86. 000 луѓе чекале орган за трансплантација. За жал, по 16 луѓе на ден умираат заради тоа што не ја дочекуваат трансплантацијата.

Во Велика Британија, пишува Гардијан, забележен е недостаток на органи и согласност за донирање органи по смртта.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје