X
 05.01.2017 Живот

Заминете навреме, не задржувајте никого: Сѐ си доаѓа во свое време

Заминете навреме. Во вашиот дом, дури и ако не ве чека никој, после забавата, од на гости, од пропаднатите врски и лошите навики. Заминете од депресија и мрачни мисли, од болните спомени, од негативните луѓе или од личноста до вас.
Заминете си навреме. Не оставајте на вашиот живот длабоки лузни, не ја инфицирајте вашата душа со вирусот на вината - чувство, кое со неверојатен ентузијазам ве исфрла од вашиот живот и од вас самите. Заминувајте си навреме, не го гребете цртежот на кревкото платно на вашата судбина.

Ценете го вашиот живот повеќе отколку што го цените другиот. Заминувајте си навреме, ако некој својот живот го стави над вашиот, сфатете дека вие, пред сè сте одговорни за вашиот живот, а потоа за другиот. Никој не дошол на овој свет како жртва. Животот од човек не бара да жртвува големи дарови - самиот живот и способноста да сака.

Не е тешко да се изгубите себеси, не е тешко да се претворите во нешто друго, да живеете нечиј живот, да живеете во некој друг свет и друга реалност. Не е тешко ниту да барате и да посакувате.

Да се пронајдете себеси е тешко. Бидејќи само ние можеме да ја дозираме мерата на користење себеси. Бидејќи, жртвувајќи се залудно, вие автоматски не си додавате себеси сила, туку си ја одземате.

Научете се навреме да доаѓате од разни животни околности и ситуации. Секогаш ќе знаете да го препознаете тој момент: верувајте си себеси, на вашата интуиција, не се лажете себеси и не ги лажете другите.

vreme
Фото: Freepik

Нема лоши луѓе без оглед на потребата да се дебатира за тоа. Постојат луѓе кои се разликуваат од нас. И нема друга одговорност освен сопствената.

Сè што се случува во нашиот живот, сè што се случува околу нас и на некои оддалечени острови на Еквадор, се случува со наша дозвола. Ние сме дозволиле нашиот живот да биде онаков каков што е. Ние сме дозволиле сивилото да доминира во нашиот живот, ние сме дозволиле стравот да се всели во нашиот живот, ние сме си дозволиле да станеме аутсајдери во сопствениот живот.

Погледнете околу себе, затоа што дојде време за заминување од сè. Најверојатно е тешко да се остави сè, сè што сме доживеале и да си одиме, без оглед на тоа што се вели и што пишува. Тешко е да се замине, но да се замине во вистинскиот момент, едноставно е неопходно.

Заминете навреме од опсесивните илузии и наметнатите стравови, но и понатаму настојувате да сонувате. Не се плашете да згрешите - тоа значи дека сте се обиделе. Не се плашете од реакциите на другите луѓе бидејќи вие не можете да предвидите, а и ако можете - тогаш и стравот е бесмислен. Но ќе имате шанса да си одите навреме. Така е, заминете и продолжете понатаму.

Знаеме кога ни недостасува нешто што сакаме да го имаме, кога нешто не ни овозможиле, а сме го очекувале.

Вистината е едноставна: Сè си доаѓа во свое време, дури и чудата. Затоа заминете навреме, не задржувајте никого. Бидејќи ако задржувате, сценариото на животот се препишува, и тоа за другите луѓе.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот