X
 05.02.2015 Образование

Зошто постојано треба да учиме нови работи?

Учете нови работи за да растете. Оние луѓе кои не можат да растат и да созреваат се мртви. Во текот на важиот живот потребно е да си создадете навика да учите различни работи. Да, на почеток нема да бидете добри, меѓутоа ќе станете добри со текот на времето.

Бидете скромни и прифатете дека не знаете ништо. Бидете паметни и започнете да учите нови работи:

За да се потсетите себеси дека не знаете ништо


Со секоја нова уметност или вештина во која се продлабочувате сфаќате дека не знаете ништо. Секако, ужасно ќе цртате во текот на првите денови и нема да знаете како да цртате со четка на платно. Истото важи и за свирењето на пијано или виолина, боречките вештини, читање нов жанр, пишување, танцување, пеење, пливање и се` она кое ќе се обидете да го направите.

Важно е постојано да се потсетувате дека не знаете ништо за светот, дека имате многу да научите и дека има уште повеќе работи кои нема да успеете да ги научите во текот на важиот живот. Најлесно е да се каже дека не знаете, меѓутоа само оние кои се обидуваат можат да речат дека се големи луѓе. Зошто учењето е важно?

Повеќето од луѓето се апсорбирани од она што го прават до точка до која мислат дека се најдобри во тоа. Половина од овие луѓе мислат дека се супериорни, и дека другите се инфериорни во однос на нив. Тоа е неизбежно и се случува кога луѓето не се подмрднуваат од исто место подолго време. Нив им „растат“ корења и стануваат крути.

За подобро да ги разберете луѓето


Сигурно за одредени луѓе со различен стил од вашиот имате чудно размислување. На пример, раперите ги сметате чудни заедно со сите луѓе кои ги слушаат. Но, ништо нема да знаете се` додека не започнете да ги слушате.

Вистина е дека никогаш целосно нема да ги разберете други луѓе се` додека не се ставите на нивно место. Ако пронајдете некој чуден или различен, не го поминувајте животот размислувајќи зошто се такви какви што се. Вашата должност како човек е да го разберете.

За да го проширите вашиот поглед кон светот


Освен ако сте богати или супер скромни или пак господар на планетата, тогаш не можете да го видите целиот свет и да научите од неговите различни култури. Ова е светот во кој живеете и вашата должност е да разберете како функционира.

Некои луѓе се одлучуваат да одат на светска турнеја за да се чувствуваат поврзани со луѓето, но голем број луѓе се продлабочуваат во различните уметности, занаети и вештини со цел да ѕирнат како функционира светот.

Потребно е да знаете дека учењето на нови вештини помага во разбирањето на луѓето. Не само што учите како работат нивните умови, туку учите и како функционираат различните култури.

За крај

Светот е огромен и доколку седите и се релаксирате без никаква цел од време на време да научите нешто ново, тогаш сте исти како мртво дрво.

Одете, излезете, прошетајте и учете нови работи! Учете јазик, научете како да композирате песна, играјте видео игри, разговарајте се непознати луѓе, гответе различни јадења. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование