X
 05.02.2017 Наука

Едноставниот научен начин за тестирање на нарцизам

Да се биде нарцист не значи секогаш да се биде опседнат со себеси.

За психолозите, терминот едноставно опишува луѓе кои имаат поголема самодоверба, не е толку лошо да се мисли дека другите луѓе треба да слушнат што имаат да кажете, ако навистина имате нешто важно да кажете. Во тој случај, нарцизам може да доведе до објавување на вашите мислења во јавноста. Многу од политичарите и бизнисмените имаат нарцисоиден карактер, па тоа најверојатно им оди во корист.

Нарцизам може да оди во поинаква насока кога некој има голема потреба од одобрението од другите, што пречи во работата со луѓето. Психолозите тоа го нарекуваат „ранливи нарциси“, кога ги напаѓаат другите ако нивните дела и идеи се критикувани. Ја припишуваат заслугата од работата на тимот на себеси, а лошите постапки кои самите ќе ги направат ги префрлаат на другите.

Со други зборови, нарцизмот е повеќе спектар отколку особна што или ја поседуваш или не. Двајца истражувачи објавиле студија со која барале од учесниците да покажат колку се согласуваат со тврдењето: „Јас сум нарцис“ на скала од 1 до 11. Додале уште една реченица: „Зборот нарцис значи егоистичен, фокусирани на себе и вообразени“. Резултатите покажале дека нарцисите се свесни дека се нарциси и многумина се подготвени тоа да го признаат – барем кога се работи за прашање на научна студија. Што значи, нарцисите се свесни колку внимание им е потребно од другите и колку се чувствуваат загрозено од туѓите критики.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука