X
 05.02.2019 Живот

Магично холандско село во кое не се дозволени автомобили

Во малечкото холандско село Хитхорн спокојот и тишината се магични. Тоа е така до моментот кога ќе се сетите зошто е толку тивко - нема автомобили. Всушност, не постои никаков начин за автомобилите да се приближат до ова село бидејќи нема патишта.

 

Локалните жители и посетителите на Хитхорн се движат на „тивки“ начини: со велосипед, чамец или пешки. Ова место составено од мали островчиња поврзани со мостови не нуди многу работи за забава, освен да уживате во самотијата меѓу фармите и пешачките мостови со чија помош се преминуваат лавиринтите на каналите.

 

Името на селото потекнува од 13 век. Приказната вели дека доселениците фармери откриле колекција на рогови што им припаѓале на диви кози за кои се верувало дека починале во поплава во 1170 година. „Goat horn“ или „Getenhoren“ било скратено во „Giethoorn“, така што името останало. Векови по поплавата водата продолжила да ги дефинира историјата и пејзажот на селото.

 

Селото е познато и под името „Холандската Венеција“, а активности како што е пловењето се прилично чести тука. Кануата се уште една популарна форма на превоз, покрај „тивките“ бродови, кои имаат тивки електрични мотори. Дури и поштарот ја носи поштата со брод.

 

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот