X
 05.02.2019 Образование

Стипендиите се одобрени, но поради технички проблем, сѐ уште не се објавени

Студентските стипендии се одобрени, но технички проблем е причината што сѐ уште не се објавени на интернет-страницата на Министерството за образование и наука, велат оттаму. Ако се надмине проблемот, можно е во текот на денот да бидат објавени.

Лавина од реакции од студентите пристигна до редакцијата на Факултети.мк затоа што толку многу се доцни со објавувањето на резултатите. Според конкурсот, тие требаше да бидат јавно објавени на 11 јануари, а до 25 јануари да биде доставени потребните документи.
Претходно надлежните кажаа дека списокот ќе биде објавен вчера.
Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование