X
 05.03.2021 Стипендии

„Македонија 2025“ објави повик за стипендирање талентирани средношколци

Mеѓународната невладина организација „Македонија 2025“ објави повик за доделување стипендии за талентирани средношколци во тековната 2021 година. Стипендиите се во вкупен износ од 60.000 денари и ќе се доделат преку исплата на 10 месечни рати, извести Министерството за образование и наука.

Покрај редовната стипендија, Фондот ќе се потруди да поддржи менторство и обуки за личен и професионален развој на одбраните стипендисти, платени пракси во истакнати македонски компании и слични активности/поддршка кои ќе бидат во интерес на нивниот професионален развој.

Крајниот рок за аплицирање е 15.3.2021 година.

Повеќе информации на следниот линк - https://cutt.ly/qkMmlsP
Активен до:    15.03.2021

Издвојуваме

Стипендии