X
 05.03.2021 Живот

Веб-страница „ве вози“ низ светски градови додека слушате локално радио

Една веб-страница ветува дека ќе ги направи среќни (барем привремено) сите оние на кои им недостига патувањето.

Пандемијата нè поттикна да ги цениме малите работи што порано ги земавме здраво за готово, како возењето во нов град. Благодарение на интернетот, може да го имате истото чувство на возење во нов град без да го напуштите домот.

„Драјв енд лисен“ е веб-страница направена од студентот Еркам Шекер со која може виртуелно да возите низ десетици светски градови додека слушате локално радио. Веб-страницата вклучува и опција за слушање на сообраќајниот метеж, доколку сакате целосно искуство.

Понудени се возења низ Париз, Њујорк, Лондон, Пекинг, Истанбул, Токио и многу други.

Веб-страницата може да ја најдете овде.

Автор: Андреа Романо
Извор: travelandleisure.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот