X
 05.03.2022 Живот

Фотограф снимил редок феномен кога водопадот Јосемит се претвора во огнен поток

Во 1872 година хотел лоциран во близина на Глечер Поинт во Јосемит истури врел жар од врвот, создавајќи нешто што изгледаше како водопад од лава. Наречен „пожаропад“, овој летен настан стана главна туристичка атракција која траеше сѐ додека не беше забранета од страна на Службата за национални паркови, речиси 100 години подоцна. Сепак, Јосемит има свој природен „пожаропад“ и привлекува обожаватели секоја зима. Оваа година меѓу тие обожаватели беше фотографот Ден Зафра од „Кепчр д атлас“.

1

За разлика од пожарот од 19 век, кој бил создаден од човекот, природата е единствениот актер во овој настан. Локацијата е Хорстејл фол, ефемерен водопад кој тече во зима до рана пролет. Ако ѕвездите се усогласат точно, неколку недели во февруари, сонцето што заоѓа всушност прави водата да изгледа како да има огнена портокалова боја. Резултатот го одзема здивот. Додека водата ги соборува гранитните плочи, таа навистина изгледа како лава.

2

За добро да го видите овој феномен, небото треба да биде кристално чисто и обично трае само околу 10 минути. Бидејќи водопадот се напојува од топењето на снегот, потребно е да има и доволно топење на снегот за да се создаде значителна количина на вода. Всушност, настанот не е видлив секоја година. Но, Зафра имал многу среќа и можел самиот да го набљудува неверојатниот феномен.

3

- Најинспиративниот дел од искуството, надвор од секоја фотографија, беше да видам вакво природно шоу со сопствените очи. Или со голо око или гледајќи низ мојот објектив, едноставно беше магично да се види како боите на водопадот малку се менуваат додека не видов како изгледа како вистинска лава што паѓа од планината - вели тој.

Се разбира, Зафра не бил сам. Многу фотографи се собрале во областа со надеж дека ќе го фотографираат ова природно чудо. Всушност, еден од омилените делови од искуството на Зафра била позитивната интеракција и целокупното празнично расположение на локацијата.

4

5

- Секако дека е предизвик да се истакнеш креативно на ваков настан, кој со години е фотографиран од илјадници фотографи и каде што условите се специфични. Сепак, секогаш постои простор да ставиш печат на своите фотографии - вели фотографот.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Dan Zafra
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот