X
 05.04.2017 Живот

Квалитетите на вистинскиот лидер

Без разлика за колкав тим се работи, вистинскиот лидер секогаш мора да се соочува со предизвиците. Лидерството и не треба да биде лесно. Но, ако разберете што навистина претставува, тогаш сте еден чекор поблиску до тоа да бидете успешен лидер.

Всушност, да се биде лидер значи да им се помогне на другите за да се води и работи кои иста цел заеднички. Лидерот треба да креира визии и да ги мотивира членовите за да го пружат најдоброто од себе. Треба да поседува способност за водење, за инспирирање и влијание врз останатите, во позитивна смисла, односно со цел напредок и развој.

Ако сакате да бидете успешен лидер, треба да ги поседувате следните особини:

1. Визионер

Способност да се гледа во иднината и да се поставуваат цели за тимот да ги постигне.

2. Посветеност

Лидерот треба да биде пример за останатите, да поставува високи стандарди и да се придржува до нив.

3. Љубопитност

Лидерот никогаш не треба да престане да учи и да добива нови знаења.

4. Самоувереност

Треба да се покаже авторитет, но и голема самодоверба, бидејќи лидерот го претставува тимот.

5. Морал

Интегритетот е и повеќе од потребен за лидер кој ужива почит.

6. Доверба


Лидерот треба да им верува на членовите на тимот и тие на него. Потребно е да им покаже дека има верба во нив и да им даде простор за да си ги завршат обврските.

7. Одлучност


Оваа особина е есенцијална за секој бизнис. Како тим, ќе мора да донесувате важни и тешки одлуки и тоа за краток период и под притисок. Одличноста на лидерот е решавачка во тие моменти.

8. Оптимизам

Оптимизмот е круцијален дел од лидерството. Ако тимот во одреден период се чувствува изгубено, лидерот е тука да ја пренесе позитивната енергија и да мотивира за работата да продолжи понатаму.

9. Скромност и смиреност

Лидерот е потребно постојано да ја преиспитува работата и смирено да посочи на грешките и да охрабри за постигнување на подобри резултати.

Не е лесно да се постигнат сите овие карактеристики за краток временски период, но ако се придржувате до нив можете да се подобрите и да бидете навистина успешен лидер. Некои карактеристики се вродени, но некои од нив можат со упорност да се совладаат. Постојано учете нови работи и надградувајте се, а бидете отворени и кон критика.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот